среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Газдите на Младенци, крадци со плен од 250 илјади денари во Кавадарци

Газдите на Младенци, крадци со плен од 250 илјади денари во Кавадарци
илустрација

Кражба на 3.300 евра, пиштол и ловна пушка била пријавена ноќеска околу 01.25 часот во Полициска станица од општа надлежност Кавадарци.

– Според пријавата, кражбата се случила во периодот од 20 часот до пред моментот на пријавувањето. Со употреба на метален предмет било влезено во куќа, во која била причинета материјална штета од околу 250 илјади денари,  информираат за МИА од МВР.

Неофицијално, домаќините биле на прослава на Младенци, додека била извршена кражбата во нивната куќа.