Германец на возраст од 68 години бил пронајден мртов, вчера во куќа во демиркапиското село Чифлик, информираше МВР.
Според полицијата, Е.Ј.(68) од Р Германија бил пронајден починат без траги од насилство во куќата во која престојувал.
-Извршен е увид на местото на настанот од полициски службеници од ПС Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, соопшти попладнево Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.