недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Гостиварец ја претепал сопругата и нејзиниот татко

Гостиварец ја претепал сопругата и нејзиниот татко

Триесет и две годишниот Б.М. вчера физички ја нападнал сопругата и нејзиниот татко, по што бил уапсен.

Од полицијата информираат дека 30-годишната И.М. го пријавила насилството од сопругот со кого подолго време имале нарушени односи.

-Кога тргнала кај нејзините родители, телефонски и се јавил нејзиниот сопруг за да се врати дома. По кратка расправија, Б.М. со тупаница ја удрил по лицето, а физички го нападнал и татко и, при што го турнал и му нанел повреди, информираат од МВР.

Б.М. бил лишен бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.