среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Гостиварец нашол лична карта на улица, па со неа подигнал кредит

Гостиварец нашол лична карта на улица, па со неа подигнал кредит

Вчера околу 22.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот гостиварец В.Ф., поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“.

Тој се сомничи дека со лична карта која наводно ја нашол на улица од друго лице, кое на 16.12.2021 го пријавило случајот, склучил договор за набавка на телефон, а подигнал и кредит во скопско финансиско друштво.

По целосно документирање на случајот против В.Ф. ќе следува соодветен поднесок.