Ќ.А.(64) од Гостивар е тешко повреден откако вчера чистејќи го оџакот на својата куќа, се лизнал и паднал од покривот.
Тој околу 17:30 часот бил донесен во гостиварската oпшта болница каде му биле констатирани тешки повреди. По укажаната лекарска помош е префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот.