МВР информира за љубовна уцена во Гостивар.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.И.(33) и М.И.(31), двајцата од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена”.
Во периодот од април 2022 година до април 2023 година, пријавените повеќе пати уценувале 50-годишен жител на Гостивар дека видео разговорите и разменетите пораки со второпријавената, со која бил во љубовна врска, ќе ги пратат на неговото семејство. Со ваквите дејствија тие го принудиле во неколку наврати да им исплати вкупно 10.000 евра преку брз трансфер на пари, информира МВР.