На 27.09.2022 околу 12:30 часот во СВР Битола, Б.П. од Битола пријавил дека во неговиот занаетчиски дуќан затекнал едно лице кое земало пари од касата и претурало по фиоките.
Според пријавеното, тој се обидел да го задржи лицето, но не успеал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.