четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Грк доби кривична пријава: Се обидел да поткупи полицајци со пет евра

Грк доби кривична пријава: Се обидел да поткупи полицајци со пет евра

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Л.В. од Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

-На 01.08.2023 на автопат Демир Капија-Неготино, на наплатна станица Демир Капија, при контрола од страна на полициски службеници, тој во сообраќајната документација која ја дал на увид, ставил банкнота од пет евра за да не се изврши службеното дејствие, информира МВР.