сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Гркинка излетала со автомобил кај Битола, се здобила со тешки повреди

Гркинка излетала со автомобил кај Битола, се здобила со тешки повреди

На 01.12.2022 во 13.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Државна граница со Република Грција, М.Г.(51) од Република Грција, управувајќи патничко возило „нисан алмера“ со грчки регистарски ознаки, изгубила контрола, излетала од коловозот и удрила во заштитна ограда.

Во несреќата, М.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.