На 14.09.2022 во 22:55 часот во Полициската станица Гази Баба, 47-годишен маж пријавил дека околу 20:00 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќал на релација Транспортен центар- с.Сингелиќ, скопско, неговата малолетна ќерка и уште неколку малолетници, кои биле заедно, биле физички нападнати од група малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.