четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Хорор во Трубарево: Мајка ја тепала малолетната ќерка по глава

Жена од скопско Трубарево во саботата пријавила дека девојче на возраст од 13 години од истото село било малтретирано и избркано од неговата мајка на улица.

-Од страна на полициските службеници девојчето е однесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде било примено од лекар кој констатирал телесни повреди, кои детето појаснило дека ги добило од удар со маша по глава од страна на неговата мајка, информираат од полицијата.

По извршениот преглед, детето било донесено во Полициска станица Гази Баба, каде што биле повикани инспектор за малолетници и интервентен тим од Центар за социјални работи.