СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.А.(42) од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“.
И покрај тоа што му било издадено решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат за изолација, пријавениот не ги почитувал мерките од решението.