СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Џ.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение на за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 19.07.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле еден пиштол „Зораки“, една рамка и 55 куршуми без документација.