ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Ѓ.К.(67) од Демир Капија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 30.03.2021, пријавениот постапил спротивно на решение издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за задолжителна изолација, односно бил забележан како пазарува во маркет во Демир Капија.