Во селото Костурино, Струмишко, денеска, изгоре куќа во пожар што избувнал околу 11 часот.
Според информациите од ТППЕ Струмица, нема повредени, а пожарникарите кога пристигнале пожарот бил во разгорена фаза и веднаш било пристапено кон негово гаснење со што било спречено ширење кон околните објекти.
Огнот бил изгаснат по скоро два часа, а во гасењето учествувале девет пожарникари и три противпожарни возила.
Причините за избувнувањето на пожарот ќе се испитуваат.