четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Изгоре викенд куќа во Стопански двор, повреденео едно лице

Изгоре викенд куќа во Стопански двор, повреденео едно лице
илустрација

На 28.09.2022 околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Стопански двор-Скопје, настанал пожар во ѓубриште во двор од викенд куќа сопственост на Д.Ѓ.(86) од Скопје.

Од пожарот била зафатена и изгорела викенд куќата, при што со повреди се здобил сопственикот, кој бил во неа. Негов пријател го извадил, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“.

Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Скопје.