На 25.04.2020 година околу 12,20 часот на регионалниот пат с.Мамутчево-Велес, се случила сообраќајна незгода во која С. С. (41) од Штип управувајќи моторцикл „кавасаки“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола над моторот и излетал надвор од коловозот.
По незгодата С. С со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница-Велес, каде му се констатирани тешки телесни повреди, и по укажаната лекарска помош поради сериозноста на повредите е префрлен во Клинички центар Скопје .
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Велес.