На 19.05.2019 година околу 12.20 часот на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во с.Глоѓи, патничко возило „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Р(.29) од Тетово, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во дрво. А.Р. се здобила со повреди и била пренесена во клиничката болница во Тетово каде и била укажана помош и била задржана на лекување.
Увид извршила екипа од СВР Тетово, информираат од МВР.