недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Измамен старец во Велес, останал без пари и без дрва

Измамен старец во Велес, останал без пари и без дрва
илустрација

На 22.03.2023 во СВР Велес, 70-годишен велешанец пријавил дека на 12.03.2023 бил измамен од едно лице за сума од 5.000 денари.

Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва по цена од 3.500 денари за кубен метар и му побарало капар од 5.000 денари, кои тој му ги дал, а дрвата се уште не му биле донесени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.