петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кај Демир Капија во патничко возило откриени 14 мигранти

Кај Демир Капија во патничко возило откриени 14 мигранти

На 29.09.2022 во 00.30 часот на автопатот А1, кај клучка Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на патничко возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, кои биле украдени, но возилото не застанало и продолжило со движење.

Набргу, возилото било сопрено, а возачот го напуштил местото. При преглед во возилото биле пронајдени 14 лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија за понатамошна постапка.

Увид извршила екипа од Полициската станица Неготино, а за настанот бил известен Јавен обвинител.