Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против В.К.(33) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против Д.К.(60) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ во врска со горенаведеното кривично дело.
На 07.10.2021 во Неготино, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Притоа, второпријавениот се обидел да ја фрли дрогата и да го прикрие делото.