среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Камион се преврте во провалија на патот Градско- Прилеп

Камион се преврте во провалија на патот Градско- Прилеп

Во текот на вчерашнито ден 16:00 часот на патот Градско-Прилеп, С.П.(41) од Република Србија, управувајќи влекач „Сканија“ со полуприколка со српски национални ознаки, излетал од десната страна на коловозот и се превртел во провалија, информираат од МВР.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Прилеп, каде по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.

Како што известуваат од полицијата увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.