четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Карамбол на „Џон Кенеди“: Четворица повредени во судир на четири возила

Карамбол на „Џон Кенеди“: Четворица повредени во судир на четири возила

Четири возила учествувале во сообраќајна несреќа која вчера во 21:25 часот се случила на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје.

Во несреќата учествувале „фолксваген голф“ управуван од Е.Љ.(67) од Скопје,  „алфа ромео“  управувана од Р.И.(20) од Скопје, „шкода фабиа“ управувана од В.Ч.(29) од Скопје и паркиран автомобил „шкода“ од Е.М.(47) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото “шкода фабиа“ С.Ч.(61), а со телесни повреди се здобиле Р.И., сопатникот од истото возило Б.Т.(21) од Скопје и В.Ч., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.