вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Карамбол на патот Неготино – Градско: Повредени 3 лица, во несреќата учествувале четири возила

Карамбол на патот Неготино – Градско: Повредени 3 лица, во несреќата учествувале четири возила

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 14.50 часот се случила на автопатот Неготино – Градско.

„Фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(36) од Битола, удрил во заштитна ограда и се превртело на коловозот.

Во незгодата возачот и сопатникот С.С.(34) се здобиле со тешки телесни повреди.

-Потоа, во паркираното возило на ЈЗУ Здравствен дом Неготино, кое дошло на местото на незгодата, удрило возило „Фиат фиорино“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Скопје, а потоа во него удрило возило „киа рио“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(39) од Скопје, информираат од МВР.

Притоа со повреди се здобил И.М. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Неготино.