четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кавадарчани си пазареле со украдена кредитна картичка- си добија кривична

Кавадарчани си пазареле со украдена кредитна картичка- си добија кривична

СВР Велес поднесе кривична пријава против В.П.(26) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“ и Љ.А.(28) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.

Имено В.П. на 26.06.2021 на ул.„Илинденска“, одзел паричник сопственост на Ќ.Г.(58) од Кавадарци, по што со кредитна картичка на име на оштетениот, извршил наплата во повеќе наврати низ повеќе продажни објекти во Кавадарци и Неготино.

Тој на 27.06.2021 кредитната картичка, сопственост на оштетениот му ја дал на Љ.А., кој исто така, во повеќе наврати, извршил наплата, при што двајцата направиле материјална штета во висина од 25.000 денари.