вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кочанчанец тешко повреден, со “смарт“ излетал од патот

Кочанчанец тешко повреден, со “смарт“ излетал од патот

На 14.06.2021 околу 23:40 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – с.Аргулица, во с.Стар Караорман, А.М.(29) од Кочани, управувајќи патничко возило „смарт“, со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.М., констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.