ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.С.(55) од струшкото село Долно Белица, поради постоење основи на сомнение за сторена „разбојничка кражба“ и обид за обљуба.
Тој на 10.08.2022 година околу 09.30 часот, на локален пат помеѓу струшките села Биџево и Ложани, физички нападнал 45-годишна жена со привремен престој во селото Ложани, се обидел да изврши обљуба и ѝ одзел личен предмет.