На 21.03.2022 во 13:00 часот во ОВР Македонски Брод, С.У.(42) од с.Пласница пријавил дека во периодот од 10.11.2021 до 21.03.2022 во објекти на поранешна фабрика на ул.„Маршал Тито“ во Македонски Брод, кои ги користел под закуп до 2019 година, а сега биле затворени, било влезено со употреба на сила и биле одземени машини.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.