Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Р.(47) од с.Србица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 03.07.2022 во Кичево, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал пријавениот, при што биле пронајдени кокаин и пари. Исто така, било утврдено дека пријавениот му овозможил на друго лице од кичевско, сопатник во возилото, да користи кокаин.