СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Ј.(43) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 24.11.2021 во Штип, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин, марихуана и пари кои потекнуваат од кривичното дело.