СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 10.05.2021 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.