петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава против двајца измамници од Скопје

Кривична пријава против двајца измамници од Скопје

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.С.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по член 247 и против Ф.Ј.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по член 247 во врска со член 24 од Кривичниот законик.

-Пријавените, во текот на ноември 2022 година креирале оглас на еден од порталите регистрирани за огласување дека наводно продаваат стан и презеле фотографии од друг огласен стан за продажба. На тој начин тие го довеле во заблуда оштетеното лице од Кавадарци дека огласениот стан за продажба е сопственост на правното лице на кое што застапник бил второпријавениот. Тие, исто така, на оштетениот, преку апликацијата вибер му покажале слики од станот и го навеле да им уплати 5.000 евра капар за купопродажба на станот на сметка на правното лице на второпријавениот. После тоа, тие и по натаму го држеле во заблуда оштетениот со најразлични изговори околу купопродажбата на станот, а откако увидел дека од купопродажбата на огласениот стан нема ништо, односно дека е измамен, тој го пријавил случајот во полиција, информира МВР.