СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.С.(75) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информира Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот, неовластено набавил и држел во својот дом малокалибарска пушка „збројовка брно“ модел 2, калибар 22 ЛР, пиштол „пиетро берета“ калибар 7,65 мм, пиштол „црвена застава“ калибар 7,65 мм, пиштол „валтер“ калибар 9мм и 329 куршуми различен калибар, кои биле пронајдени при претрес.