четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за крадец во Скопје

Кривична пријава за  крадец во Скопје

По преземени мерки и активности, денеска (06.09) полициски службеници од ЕВР Гази Баба расчистија кривично дело „одземање на моторно возило“.

Имено, по извршено вештачење било утврдено дека малолетник од Скопје на 03.05.2023 на подрачје на Гази Баба одзел патничко возило „хјундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки. Денеска (06.09.2023) во Полициската станица Гази Баба, во присуство на родител и адвокат, бил извршен службен разговор со малолетникот, во кој тој го признал делото.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.