вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за скопјанец за „загрозување на животната средина и природата со отпад”

Кривична пријава за скопјанец за „загрозување на животната средина и природата со отпад”

Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.Б.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, казниво по член 230 став 3 од Кривичниот законик.

На 14.02.2022 на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини, при што го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без да поседува „дозвола за вршење на дејност – складирање и третман на отпад”.