Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Б. (37), поранешен референт во Одделот за граѓански работи во Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела: „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353 став 1 и „фалсификување службена исправа“ по член 361 став 1, а во врска со член 44 и 45 од КЗ.
Имено, пријавениот С.Б. во својство на овластено службено лице-референт во шест наврати ја злоупотребил службената положба и овластување и внесувал невистинити податоци во четири сообраќајни дозволи дека возилата имаат вградени клима фолии без претходно прибавена потврда за сообразност- А тест, а во две сообраќајни дозволи внел податоци дека имаат вграден ТНГ-плински уред без претходно прибавена потврда за сообразност. С.Б. веќе не работи во МВР.