СВР Битола поднесе кривична пријава против Х.Р.(26) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 17.03.2022 полициски службеници извршиле преглед во патничко возило во кое се превезувал пријавениот, при што кај него биле пронајдени марихуана и дигитална вага.