петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кучиња скитници напаѓаат луѓе низ цела Македонија, вчера биле каснати повеќе лица

Кучиња скитници напаѓаат луѓе низ цела Македонија, вчера биле каснати повеќе лица

На 01.09.2023 во 19.40 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Ѓ.(22) од Скопје пријавила дека на подрачје на Аеродром била касната од куче скитник.

На 01.09.2023 во 19.45 часот во Полициската станица Гази Баба, И.К.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Пехчевска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 01.09.2023 во 13.30 часот во СВР Битола, П.Б.(43) од Битола, пријавил дека на ул.„Партизанска“ бил каснат од куче скитник.

На 01.09.2023 во 14.30 часот во Полициското одделение Новаци, В.Ј.(59) од Битола пријавил дека во кругот на РЕК Битола бил каснат од куче скитник.

На 01.09.2023 во 21.10 часот во Полициската станица Гостивар, А.Н.(36) од Гостивар пријавил дека на ул.„Мара Угринова“ во Гостивар, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 01.09.2023 во 22.40 часот во СВР Велес, О.Ј.(47) од Велес пријавил дека на ул.„Петар Делјан“ бил каснат од куче скитник.

На 01.09.2023 во 16.50 часот во СВР Битола, С.А.(71) од Битола пријавила дека во централното градско подрачје во Битола била касната од куче скитник.

На 01.09.2023 во 23.35 часот во СВР Битола, В.С.(27) од с.Света, демирхисарско, пријавила дека во Битола била касната од куче скитник.