Во текот на вчерашниот ден во 17 часот во Полициска станица Центар, П.К.(29) од Скопје пријавил дека на 13.08.2018 година околу 10.00 часот на улица “Македонија” бил нападнат од глутница кучиња (скитници) и од едно бил каснат во пределот на десната потколеница, информираат од МВР
Уште инцидент со куче скитник бил пријавен вчера во полиција
Во текот на вчерашниот ден во 14:50 часот во Полициска станица Карпош, М.Ч.(58) од Скопје пријавила дека околу 06.00 часот на булевар “Партизански Одреди” од страна на куче скитник била касната во пределот на левата потколеница.
Трет ваков инцидент е пријавен и во Гази Баба.
Во текот на вчерашниот ден во 11:30 часот во Полициска станица Гази Баба. Љ.К.(58) од Скопје, пријавил дека на 15.08.2018 година во 15,30 часот на улица “Благоја Стевковски” од страна на куче скитник бил каснат на левата нога.