среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кумановец се движел наназад со камион, па прегазил човек кој од повредите починал на лице место

Кумановец се движел наназад со камион, па прегазил човек кој од повредите починал на лице место

На улицата улицата „Бајрам Шабани“ во Куманово каде се изведувале градежни работи за поставување на бекатон плочки, вчера околу 14:00 часот Џ.Ј. (46) од село Липково-кумановско, движејќи се наназад со товарно моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистерски таблици го прегазил Ќ.А. (43) од село Отља, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.