вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Куманово: 13 – месечно бебе вчера паднало од балкон, итно пренесено на Детска клиника во Скопје

Куманово: 13 – месечно бебе вчера паднало од балкон, итно пренесено на Детска клиника во Скопје
ФОТО:ИЛУСТРАЦИЈА

Вчера во 15.55 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош било пријавено дека на ул. „Егејска Македонија“ дошло до несреќен случај во кој 13-месечно бебе паднало од балкон.

Детето било пренесено во Јавната здравствена Куманово и по укажаната помош било пренесено во Детска клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.