петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ЉУБОВНА ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ – момче почина откако се фрлило од зграда, неговата девојка која е позната пејачка се бори за живот, еве го нивниот идентитет!

ЉУБОВНА ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ – момче почина откако се фрлило од зграда, неговата девојка која е позната пејачка се бори за живот, еве го нивниот идентитет!

Маж го загуби животот, а женa со тешки телесни повреди е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје, каде ѝ е укажана медицинска помош, откако паднале од зграда на булевар „Климент Охридски“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, во СВР Скопје вчера во 12:57 часот било пријавено дека пред зграда на булеварот „Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф. М. (47) и К. Г. (39), двајцата од Скопје.

– Лекар од Итната медицинска помош кај Ф. М. констатирал смрт, а К. Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, наведуваат од МВР.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Станува збор за љубовен пар, девојката е од скопската населба Аeродром и е вокалистка на познат скопски бенд.