На 23.03.2022 во 23:10 часот во Полициската станица Карпош, Б.К. од Скопје пријавил дека околу 20:30 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, по претходна расправија помеѓу малолетници, И.Ј.(23) од Скопје му се заканил со остар предмет на неговиот малолетен син, кој бил меѓу малолетниците.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.