Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 17-годишник од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 17.10.2021 на ул..„Методија Стефаноски“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле марихуана.