среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник консумирал марихуана и амфетамин, кривична за тој што му овозможил

Малолетник консумирал марихуана и амфетамин, кривична за тој што му овозможил

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Н.М.(27) од село Тремник, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 14.08.2022, пријавениот му овозможил на малолетник од село Тремник да консумира марихуана и амфетамин, кои биле пронајдени и одземени кај малолетникот.