Малолетник од Скопје, кој управувал електричен тротинет „хамачи“ е тешко повреден во сообраќајќа што се случила вчера во скопската населба Пинтија.
Како што соопшти денеска МВР, сообраќајката се случила синоќа, околу 18:30 часот на крстосница од улицата „Саса“ и улицата „Јабланица“ во населба Пинтија, меѓу патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје и малолетникот.
По незгодата, малолетникот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.