ОВР Струга поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“, една „кражба“ и две кривични дела „одземање моторно возило“.
Тој, делата ги извршил на 01.08.2022, на 05.10.2022 и 18/19.10.2022 од гаражи, паркинг простори и работилници во Струга и струшките села Враништа и Лабуништа.