На 26.04.2022 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Кирил и Методиј“ патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(35) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.