На 13.06.2022 во 12.07 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека во Јавна здравствена установа Дебар било донесено повредено малолетно лице.
-Полициски службеници излегле на местото на настанот при што констатирале дека на ул.„Дилавер Села“ во Дебар, малолетник од Дебар, движејќи се со велосипед, излетал надвор од улицата и паднал. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.