Малолетен пешак се здобил со тешки повреди откако во него удрил мотор „пијаџо“.
Несреќата, информираат од полицијата, се случила вчера попладне на улицата „Џон Кенеди“.
– Е.Г.(20) од Скопје, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со скопски регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак од с.Палиград. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, информираат од МВР.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.